skip to Main Content

Киев: Русија воведе блокада на украинските пристаништа во Азовското Море

Киев: Русија воведе блокада на украинските пристаништа во Азовското Море
  • 29.11.2018

Русија воведе ефикасна блокада на двете главни украински пристаништа во Азовското Море – Бердјанск и Мариупол, не дозволувајќи во нив да впловат или испловат какви било бродови, тврди министерот за инфрастуктура на Украина, Володимир Омељан.

Омељан на својот профил на Фејсбук објави дека на 35 брода не им било дозволено „извршување на нормалните операции“. Според него, Русија дозволува испловување само на бродови кои се движат кон руските пристаништа во Азовското Море.

– Целта е јасна – воведувајќи блокада на украинските пристаништа во Азовското Море, Русија се надева дека ќе ја потисне Украина од нејзината сопствена територија – територија која е наша во согласност со сите важечи меѓунардони закони, напиша Омељан.

Според него, 18 бродови чекаат да влезат во Азовското Море, од кои четири кон Бердајнск и 14 кон Мариупол. Од друга страна, девет брода чекаат на излез од Азовското Море, а уште осум стојат крај пристаништата очекувајќи дозвола да испловат, тврди украинскиот министер.

Back To Top