skip to Main Content

Кај Бриндизи запленети 1.500 килограми дрога, прстигната од Албанија

Кај Бриндизи запленети 1.500 килограми дрога, прстигната од Албанија
  • 01.12.2018

Италијанската полиција кај Бриндизи заплени 1.500 килограми дрога. Запеленети се марихуана и хашиш, што со моторен чамец биле транспортрани од Албанија.

Уапсени се двајца Италијанци од Бриндизи, на возраст од дваесет години, во моментот кога ги истоварувале вреќите со дрога од чамецот.

Полицијата го следела движењето на чамецот, кој преку Јадранско Море се движел кон италјанското крајбрежје. Кога пристигнал нарко-шверцерите веднаш почнале да ја растовараат дрогата и кога ја забележале полицијата се обиделе да избегаат, но не успеале.

Запленетата дрога, доколку пристигнела на нарко пазарот, според италјанската полиција, би достигнала вредност од 14 милиони евра.

Според полициската статистика, во изминатиот период од годинава италјанската полиција запленила околу 30 тони дрога, главно марихуана, пристигната од Албанија.

Back To Top