skip to Main Content

„Катимерини“: Анкара ја „отвора“ Марица

„Катимерини“: Анкара ја „отвора“ Марица
  • 09.10.2018

Турција ја остава без контрола мигрантската рута на копнената грчко турска-граница на реката Марица, тврди атинскиот весник „Катимерини“.

Во текстот под наслов „Анкара ја „отвора“ Марица“, весникот наведува дека Грција реагирала до ЕУ и до Турција поради „видливото намалување на контролата на границата“ од страна на турските власти.

„Катимерини“ тврди дека по реакцијата на Атина, во Анкара отпатувал претставник на ЕУ, кој за овој проблем треба да разговара со турските власти.

Според весникот, доказ за намалената контрола на копнената граница меѓу двете земји од турска страна е зголемениот број на приведени мигранти на грачката страна од гранината линија.

Официјалните податоци на властите во Атина покажуваат дека само во текот на првата недела во октомври грчката погранична полиција открила 30 илегални мигранти.

„Катимерини“ тврди дека илегалниот транспорт на мигрантите го организраат буграски, македноски и албански криминални групи, кои многу често успеваат да ги пренесат мигрантите „дури до центарот на Солун“.

Дополнителна загриженост во Атина од можен нов мигрантси бран, предизвикуваат и информациите дека последниот период во Турција од Иран и Ирак пристигнале околу половина милиони Авганистанци, чија цел е да стигнат до европските земји, наведува грчкиот весник.

Back To Top