Кандидат фаворит на изборите за Парламент на Невада пронајден мртов

Кандидатот за место во сојузниот Парламент на Невада, Денис Хоф, кој воедно е и еден од најпознатите луѓе во бизнисот со проституција, завчера е пронајден мртов во една од своите јавни куќи во близина на Лас Вегас. Но, и покрај тоа, прогнозите велат дека тој би можел да победи на изборите.
Изборите се закажани за помалку од три седмици. Во Невада, проституцијата е легална, и се уредува на локално ниво, па бизнисменот без проблем јавно ја промовирал таа професија, истовремено дружејќи се со познати и моќни личности.
Хоф стана популарен поради реалното шоу „Cathouse”, каде што се профилираше себеси како „републиканец од рангот на Доналд Трамп“. Два дена пред да биде пронајден мртов, во неделата тој го прославил својот 72. роденден, а на забавата присуствувале многу познати личности, како што се порно ѕвездата Рон Џереми, поранешниот шериф на Аризона, Џо Арпајо и неколку други политичари.
Првично, истрагата покажала дека нема знаци на насилство, но причините за смртта ќе бидат познати за шест недели, соопштија надлежните органи.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.