skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Исчезнува едно од најнеобичните езера на светот

Исчезнува едно од најнеобичните езера на светот
  • 18.03.2019

Некогаш најголемото солено езеро на Блискиот Исток, Урмиа во Иран полека, но сигурно исчезнува. За само 20 години големата солена површина со 120 острови во близина на турската граница, се намалила за 10 отсто поради многу високите температури. Од 70-те години на минатиот век езерото е помало за дури 90 отсто.

Причина за тоа е изградбата на брани и дупчењето што го спречува протокот на вода од шеесетина околни реки и притоки. Поради тоа значително се зголемил салинитетот на водата и тоа влијаело врз бројните животински видови кои тука опстојуваат. Дури и ендемски видови ракови, кои можат да поднесат големо количество сол, повеќе не можеле да се приспособат на промените во Урмиа.

За да го заштитат езерото од исчезнување, УНЕСКО и СЗО употребуваат технологија за наводнување фарми и спречуваат илегално дупчење. Сезонските дождови помагаат езерото да не пресуши, но тоа не е доволно.

Back To Top