skip to Main Content

Иран ќе ги ослободи заробените членови на екипжот на британскиот танкер

Иран ќе ги ослободи заробените членови на екипжот на британскиот танкер
  • 04.09.2019

Иран соопшти дека ќе ослободи од хуманитарни причини седум од 23-те членови на екипажот на танкер со британско знаме заробени во јули.

Морнарите – петмина Индијци, еден Летонец и еден Русин – веќе го напуштија Стена Имперо, изјави за државната телевизија портпаролот на Министерството за надворешни работи.

Иран го обвинува бродот за „кршење на меѓународните поморски правила“.

Запленувањето се случи две недели откако иранскиот танкер беше задржан надвор од Гибралтар со помош на Кралските маринци.

Back To Top