skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Иран: Членовите на екипажот од британскиот танкер се на безбедно и со добро здравје

Иран: Членовите на екипажот од британскиот танкер се на безбедно и со добро здравје
  • 21.07.2019

Иранските власти денеска соопштија дека сите 23 членови на екипажот на запленетиот британски танкер со нафта „Стена Имперо“ се на безбедно и со добро здравје.

Тоа за државната иранска телевизија го изјавил шефот на Пристаништната и поморска организација на Иран за покраината Хормозган, Алахморад Афифипур.

– Сите 23 членови на екипажот кои се наоѓаат на бродот се наоѓаат на безбедно и се со добро здравје во пристаништето Бандар Абас, истакна Афифипур.

Членовите на екипажот се државјани на Индија, Летонија, Филипини и Русија.

Велика Британија заплената на танкерот од страна на Иран во Персискиот Залив ја нарече „непријателски акт“, отфрлајќи го објаснувањето на Техеран дека бродот бил запленет бидејќи учествувал во несреќа со ирански рибарски чамец.

Лондон испрати писмо до Советот за безбедност на ОН, како и до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, нагласувајќи дека иранските сили пристапиле и го заплениле британскиот танкер додека бил во територијалните води на Оман, оценувајќи дека акцијата на Техеран „претставува илегално мешање.

Back To Top