skip to Main Content

Илјадници граѓани протестираа во рускиот град Кемерово поради несреќата во која загинаа над 60 луѓе

Илјадници граѓани протестираа во рускиот град Кемерово поради несреќата во која загинаа над 60 луѓе
  • 27.03.2018

Илјадници луѓе протестираа во сиберскиот град Кемерово против руските власти, поради пожарот во кој загинаа најмалку 64 луѓе, меѓу кои 41 дете.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, реагираше и обвини дека пожарот настанал поради негрижа на одговорните.

Според агенцијата Интерфакс, најмалку 85 луѓе се уште се исчезнати, а најмногу од нив се деца.

Според истражните органи, за време на пожарот, алармот бил исклучен а вратите за излез – блокирани.

Илјадници граѓани револтирани од несреќата, денеска протестираат пред канцелариите на локалната самоуправа, барајќи оставки од надлежните. Дел од демонстрантите, како што пренесува Би-Би-Си, барале оставка и од самиот Путин.

Причините за големиот пожар се уште не се познати, но според комитет задолжен за расветлување на настаните, имало сериозни прекршувања на протоколот во трговскиот центар во кој настана несреќата.

Утре во Русија е прогласен „ден на жалост“.

 

В.Ч

Back To Top