skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Израелски авиони пукаа врз 15 цели во Појасот газа

Израелски авиони пукаа врз 15 цели во Појасот газа
  • 11.09.2019

Израелската војска изврши серија воздушни напади рано утринава врз цели во Појасот газа, неколку часа откако беа истрелани две ракети од таа палестинска територија кон јужните израелски градови Ашкелон и Ашдод, каде израелскиот премиер Бенјамин Нетнјаху одржуваше предизборни митинзи.

Борбени авиони погодиле 15 цели низ Појасот Газа „вклучувајќи повеќе цели во воена база каде се произведувало оружје, цели во поморски комплекс и терористички тунел што припаѓаат на терористичката организација Хамас“, пренесуваат израелски медиуми.

Војската соопшти дека смета дека Хамас, кој управува со Газа, е одговорен за ракетниот оган.

Палестински извори известија за жестоки напади и експлозии во Беит Лахија северно од градот Газа и Деир ел-Балаху во централниот дел на појасот, како и Кан Јунис на југ.

Нема извештаи за повредени.

Нападите следуваа откако Нетанјаху, кој истовремено е и министер за одбрана, се состана со воените команданти и началниците на Мосад и безбедносната служба Шин Бет во воениот штаб во Тел Авив.

Back To Top