skip to Main Content

Извлечено уште едно тело од под урнатините во Марсеј

Извлечено уште едно тело од под урнатините во Марсеј
  • 07.11.2018

Противпожарната служба на Марсеј соопшти дека од под урнатините на двете згради денеска е извадено уште едно тело, со што бројот на жртви се искачи на пет.

– Ја продолжуваме нашата работа во надеж дека ќе најдеме преживеани, изјави шефот на марсејската противпожарна служба Шарл-Анри Гарие.

Локалните власти претходно соопштија дека постои сомневање оти под уранитините има осум лица. До сега се пронајдени тела на тројца мажи и две жени.

Спасувачката акција е отежната поради тоа што уривањето ги дестабилизирало соседните објекти во густо населениот централен кварт Ноаи.

Вкупно 105 лица се евакуирани од безбедносни причини и сместени во хотели, соопштија градските власти.

Властите исто така соопштија дека продолжуваат да се бараат и причините за уривањето во реон, во кој според локалните жители има многу оштетени згради на кои им е неопходна поправка.

Back To Top