skip to Main Content

Избори во Мексико по крвава предизборна кампања

Избори во Мексико по крвава предизборна кампања
  • 01.07.2018

Мексиканците денеска гласаат на претседателски, парламентарни и локални избори. Фаворитот за претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој е поранешен градоначалник на Мексико Сити од редовите на левицата вети дека ќе се справи со корупцијата.

Гласачите сакаат да ја сменат владата на досегашниот претседател Енрике Пена Нието, кого го критикуваат за корупцијата, лошата економија и насилството. Ова навестува дека првпат по 50 години на „мафијата на власт“, како што ја нарекуваат, во земјата ќе дојде трета партија.

Кампањата ја одбележа едно од најтешките политички насилства во земјата по децении, со 130 убиени кандидати, политичари и новинари.

Back To Top