skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Загина уште еден демонстрант од „жолтите елеци“

Загина уште еден демонстрант од „жолтите елеци“
  • 13.12.2018

Француските власти соопштија дека загина уште еден припадник на движењето на „жолтите елеци“, откако го удрил камион за време на патна блокада во близина на јужниот град Авињон.

Локалните власти соопштија дека возачот на камионот е уапсен и притворен откако се обидел да избега од местото на инцидентот. Повредениот демонстрант веднаш го презела екипа на Брзата помош но во текот на ноќта им  подлегнал на повредите.

Уште пет демонстранти досега загинаа во сообраќајни несреќи, а повеќе од 1.400 припадници на „жолтите елеци“ се повредени во протестите против зголемувањето на цените на горивата откако почнаа демонстрациите минатиот месец.

Демонстрантите блокираа важни сообраќајници  низ цела Франција, а во Париз протестите прераснаа во немири.

Учесниците во актуелните протести во Франција се нарекуваат „жолти елеци“ поради флуоресцентните безбедносни елеци што ги носат.

Back To Top