skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Жесток судир на делегациите на Белград и Приштина по седницата на Советот за безбедност за Косово (ВИДЕО)

Жесток судир на делегациите на Белград и Приштина по седницата на Советот за безбедност за Косово (ВИДЕО)
  • 12.06.2019

Жестока расправија настана по седницата на Советот за безбедност за Косово меѓу преставничката на Косово во ОН Фљора Читаку и српскиот министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Според снимката која ја објави Читаку на својот твитер профил се забележува како министерот вербално ја напаѓа делегацијата на Приштина. Откако завршила седницата тој продолжил да се расправа поради нејзината изјава за вековното угнетување на Албанците од Косово како и за прославувањето на 20 години од „ослободвањето“.

„По денешното заседание на Советот за безбедност на ОН, додека разговарав со делегациите на САД и Британија, српскиот министер за надворешни работи дојде до мене викајќи и навредувајќи ме мене и косовската делегација“, објави Читаку на Твитер.

На снимката под коментарот кој Читаку го објави, се гледа дека Дачиќ од неколку метри одалеченост ѝ вели: „Тие, што седиш со нив се твоите колонизатори“. – мислејќи на Велика Британија и Сад.

Овој коментар на Дачиќ се однесувал на говорот на Читаку на седницата на СБ на ОН, а во кој таа кажала дека во случајот на Србија од Косово станува збор за делоконизација.

Дачиќ по седницата на Советот за безбедност кажа дека го вџашила лагата на Читаку

„Колку некој треба да нема срам во Советот за безбедност пред големите колонијални сили кои имале свои колонии низ светот, и пред африканските, јужноамериканските и азиските земји кои се ослободувале до колонијализмот да користите еден таков израз, а да не ви е срам, тоа е чист безобразлук“. – изјави Дачиќ.

Повикал и да претставничката Читаку да докаже постоење на некој споменик од 13 и 14 век.

Покрај скандалозната расправија по седницата, Дачиќ предупреди дека следен напад од Косовските власти би бил врз рударско-металуршкиот комбинат Трпеча како и подметнување на експлозивни направи низ северот на Косово.

Back To Top