skip to Main Content

ЕУ предлага строги нови правила за водење изборни кампањи

ЕУ предлага строги нови правила за водење изборни кампањи
  • 12.09.2018

Европската Комисија денеска го претстави својот план за борба против странски влијанија во изборните процеси.

Според планот на Комисијата, изработен по референдумот во Велика Британија, изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и серијата добри изборни резултати на популистичките партии во Европа, во иднина ќе се бара поголема транспарентност во предизборните кампањи и воведување казни за компаниите, како Фејсбук, кои ги злоупотребуваат личните податоци.

Стратегијата на ЕК предвидува и мерки за спречување на т.н. хибридни закани, упади во изборниот процес или во информатичките системи на изборните комисии.

Комисијата бара од националните и европските партии детално да информираат за своите медиумски кампањи, вклучително и на социјалните медиуми, додека од државите се бара да ја засилат безбедноста на изборните системи.

Европско тело ќе може да изрекува казни до пет проценти од годишните приходи на одредена партија, доколку се покаже дека таа ги прекршила правилата за финансирање и водење кампања.

Back To Top