skip to Main Content

ЕСЧП: Русија да и плати на Грузија десет милиони евра за претрпена штета

ЕСЧП: Русија да и плати на Грузија десет милиони евра за претрпена штета
  • 31.01.2019

Со денешната пресуда на Големиот судски совет во случајот на Грузија против Русија, Европскиот суд за човекови права, со 16 гласови „за“ и еден „против“ одлучи дека Русија треба да и плати на Грузија десет милиони евра за претрпена нематеријална штета на најмалку 1.500 грузиски државјани.

Пресудата за правичен надомест беше донесена од Големиот судски совет составен од 17 судии.

Износот ќе се распредели на поединечните жртви со исплата на 2.000 евра на грузиски државјани кои биле жртви на колективно протерување, а од 10.000 до 15.000 евра ќе им се исплати на лицата кои незаконски биле лишени од слобода, а отштета ќе земат и лицата кои преживеале нечовечки и понижувачки услови на притвор според Европската конвенција за човекови права.

Во пресуда донесена на 3 јули 2014 година, Судот наведе дека во есента 2006 година имало координирана политика за лишување од слобода и притвор во Руската Федерација, протерување на грузиски државјани и дека тоа претставува административна практика во смисла на праксата на Конвенцијата.

Back To Top