skip to Main Content

Ердоган: Ќе преземеме мерки за одлуката на Виена да затвори седум џамии

Ердоган: Ќе преземеме мерки за одлуката на Виена да затвори седум џамии
  • 10.06.2018

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ќе преземе мерки како одговор на одлуката на Виена да затвори седум џамии и да ги протера турските муслимански свештеници, кои беа обвинети дека се финансирани од странски државјани. 

– Се плашам дека чекорите преземени од австрискиот премиер го водат светот кон војна меѓу крстот и полумесечината. Вие го правите тоа, а ние ќе седиме со преклопени раце? Тоа значи дека и ние исто така ќе преземеме некои мерки, нагласи Ердоган. 

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека ќе преземе цврсти мерки против политичкиот ислам, кои го вклучуваат и затворањето на седум џамии под сомневање дека се поврзани со турските националисти.

Back To Top