skip to Main Content

Ердоган за курдските борци: Доколку не се повлечат, ќе ги уништиме!

Ердоган за курдските борци: Доколку не се повлечат, ќе ги уништиме!
  • 24.10.2019

Турција ќе го искористи своето право да ги уништи курдските борци, припадници на Единиците за народна заштита, доколку не се повлечат од „зоната на безбедност“ во северниот дел на Сирија согласно договорот, порача денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Претходно денеска, Сириските демократски сили предводени од Курдите, ја обвинија Турција дека почнала офанзива на три села и покрај договорот за прекин на огнот. Русија, пак, соопшти дека договорот се почитува без проблеми.

Неименуван претставник на тие сили денеска рече дека  Курдите од Сириските демократски сили се повлекле на 32 километри од границата со Турција. Претходно, рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин изјави дека курдските сили почнале да се повлекуваат од подрачјето во близина на турската граница во Сирија.

– Со задоволство забележуваме дека договорот постигнат во Сочи се спроведува. Сè се спроведува, истакна Вершинин.

Москва веќе испрати одреден број воени полицајци во пограничното подрачје меѓу Турција и Сирија врз основа на договорт постигнат во вторникот меѓу турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин.

Back To Top