skip to Main Content

Евростат: Државјани на БиХ масовно замминуваат во ЕУ

Евростат: Државјани на БиХ масовно замминуваат во ЕУ
  • 13.08.2019

Бројот на државјани на БиХ кои ја напуштаат таа земја и заминуваат во Европската унија постојано се зголемува, според најновите податоци на Евростат. Во 2018 година, на 53.520 граѓани на БиХ за првпат им била дадена дозвола за престој во една од земјите членки на ЕУ.

Во 2017 година, вкупниот број на дозволи за престој издадени на државјани на БиХ добиени за првпат во една од земјите-членки на ЕУ изнесуваа 26.395, додека во изминатите пет години 150.000 жители на БиХ, за првпат добиле дозвола за престој во ЕУ.

Најмногу дозволи за престој на државјани на БиХ издала Германија -16.523.

Веднаш зад Германија е Словенија со повеќе од 15.000 издадени дозволи за престој (15.714).

На трето место е Хрватска, која минатата година издала 12.996 дозволи за престој на државјани на БиХ.

Back To Top