skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Докос за 1ТВ: Потребна е добра волја за спроведување на Договорот од Преспа
Нацрт законот за ратификација на Договорот од Преспа доставен во грчкиот Парламент
ОЈО го гони за убиство телохранителот на Мијалков
Анѓушев: Економијата ќе биде главен фокус на Владата за годинава
„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ со позитивен изглед за Македонија
Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Европол: За четири дена уапсени 148 лица на Западен Балкан

Европол: За четири дена уапсени 148 лица на Западен Балкан
  • 14.09.2018

Речиси половина милион лица, автомобили и простории беа проверени минатата недела за време на меѓународната полициска операција координирана од Европол и ЕМПАКТ Фајерармс во рамките на борбата против криминалот, со потекло од Западен Балкан.

Во четиридневната операција, 8.300 полицајци од 28 земји, од Фронтекс и Интерпол, работеа во централата на Европол во Хаг против нелегална трговија со огнено оружје и дрога, илегална миграција и фалсификување документи, соопшти Европол.

Подготвителната фаза за операцијата почна на почетокот на годината и во текот на таа фаза разменати се повеќе стотици информации за луѓе, телефонски броеви и документи меѓу сите партнери, при што уапсени беа 32 осомничени лица, запленети 102 парчиња огнено оружје и претресени 60 објекти.

Резултатите, постигнати од 5 до 9 септември се: 148 уапсени, запленети 159 парчиња огнено и друго оружје и експлозив, 286 килограма наркотици, а утврдени се злоупотреби со 22 визи, 40 фалсификувани документи, констатирани се 612 нелегални преминувања на границата.

Во операцијата, која ја координираа Европол и ЕМПАКТ Фајерармс, проверени се вкупно 482.014 лица, автомобили, објекти и пратки, а учествуваа сите држави од Западен Балкан заедно со 20 земји- членки на Европол, Швајцарија, САД, Интерпол и Фронтекс.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top