skip to Main Content

Евакуирани зградата на „Тајм ворнер“ и дописништвото на Си-ен-ен во Њујорк

Евакуирани зградата на „Тајм ворнер“ и дописништвото на Си-ен-ен во Њујорк
  • 24.10.2018

Поради пронајдени сомнителни пакети денеска се евакуирани зградата на компанијата „Тајм Ворнер“ и дописништвото на Си-ен-ен во Њујорк.

Полицијата во Њујорк соопшти дека се сомнева дека се испратени експлозивни направи, како што денеска добија семејството Клинтон и семејството Обама. Претходно, американските медиуми објавија дека експлозивна направа денеска била откриена во домот на Бил и Хилари Клинтон во Њујорк.

Експлозивната направа ја открил маж кој прегледува пошта за семејството Клинтон. Направата е слична како онаа што пред два дена беше испратена на адреса на Џорџ Сорос.

Сличен пакет со експлозивна направа добил и Барак Обама.

Back To Top