skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
1ТВ: ММА манипулира дека Основен суд – Скопје 2 и досудил оштета на 1ТВ
Могерини: Северна Македонија и Албанија во јуни треба да ги почнат преговорите со ЕУ
Репортери без граници: Северна Македонија останува на 95-то место според индексот за слобода на медиумите
Неформален состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македонија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Дополнителни сто милијарди долари од НАТО сојузничките за одбрана

Дополнителни сто милијарди долари од НАТО сојузничките за одбрана
  • 12.02.2019

Европските земји и Канада ќе ги зголемат трошоците за одбрана за сто милијарди долари до 2020 година, во споредба со 2016 година, најави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг еден ден пред почетокот на министерскиот состанок на НАТО.

– Од 2016 година, европските сојузници и Канада потрошија дополнителни 41 милијарда долари за одбрана, и врз основа на последните извештаи, ова ќе се зголеми за уште сто милијарди до идната година, најави Столтенберг, но не даде повеќе детали за начинот на кој се распоредени овие средства.

САД бараат до 2024 година сите земји сојузнички на НАТО да постигнат стапка од два отсто во своите буџети за одбрана и со тоа да го споделат порамномерно товарот на одбраната. Досега, само Обединетото Кралство, САД, Грција и Летонија одвојуваат стапка од над два отсто од БДП за одбрана.

Освен финансиските средства, сојузниците придонесуваат и преку учество во воените мисии и модерни воени капацитети.

Столтенберг оцени дека веќе има значаен напредок, но дека останува уште работа.

Сите земји членки веќе имаат патоказ преку кој објаснуваат како планираат да ги постигнат тие два отсто во наредните пет години.

– Ќе го разгледаме напредокот во трите димензии, најави генералниот секретар пред утрешниот министерски совет.

Трите димензии се „готовина, контрибуции и капацитети“ како што се нарекуваат во Алијансата.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top