skip to Main Content

Доналд Трамп најспомнуван државник во австриските весници

Доналд Трамп најспомнуван државник во австриските весници
  • 05.11.2018

Американскиот претседател Доналд Трамп во изминатите две години е најспомнуваниот државник во австриските весници, покажа анализа на австриската агенција АПА.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц се наоѓа на второто место, а германската канцеларка Ангела Меркел е на третото.

Трамп во 15 австриски дневни весници во периодот од октомври 2016 до октвомври 2018 година е спомнат дури во 43.236 написи. Тоа во просек е 60 пати дневно.

Трамп исто така е најспомнуван државник и во насловите.

За споредба, неговиот предходник Барак Обама во првите две години од мандатот бил спомнат во 22.266 написи во австриските весници.

Медиумската анализа покажува дека Трамп не е спомнуван само затоа што е „најмоќниот човек на светот“ туку, пред се, поради темите кои ги почнуваше како што се „лажните вести“ или забраната за влез во САД на граѓани од муслимански земји.

После Курц и Меркел на четврто место е рускиот претседател Владимир Путин, а по него следуваат претседателите на Турција и Франција Реџеп Тајип Ердоган и Емануел Макрон, па британската премиерка Тереза Меј, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, унгарскиот премиер Виктор Орбан и претседателот на Кина Си Џинпинг.

Back To Top