skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Демонстранти блокираа влез во законодавниот дом на Хонг Конг поради нацрт закон за екстрадиција во Кина

Демонстранти блокираа влез во законодавниот дом на Хонг Конг поради нацрт закон за екстрадиција во Кина
  • 12.06.2019

Илјадници демонстранти во Хонг Конг го блокираа влезот на Законодавниот совет денеска, пред второто читање на контроверзниот закон за екстрадиција, што ќе им овозможи на луѓе да бидат екстрадирани од Хонгконг во Кина за судење.

До 8 часот по локално време, толпата ги блокираше главните патишта што водат кон законодавното тело да го изразат својот протест против законот.
Иако на крајот од минатата недела милион луѓе протестираа против тој документ, владата на Хонг Конг вети дека ќе го продолжи процесот на усвојување и ќе гласа за тоа до 20 јуни.

Блокирани се приодите и кон зградата на Владата.
Седницата на законодавниот орган е одложена, соопштија властите.

Back To Top