skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Раскинувањето на Договорот за Казандол законито пресуди Управниот суд
На хирургија во Струга заболени девет здравствени работници од морбили
Прво писмо на Асанж по апсењето: Обиколен сум со убијци, не ми даваат да се бранам
Утре на Бихаќка и дебата за промена на кадри во извршната власт
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Британија обвини двајца Руси за труењето на Скрипал и неговата ќерка

Британија обвини двајца Руси за труењето на Скрипал и неговата ќерка
  • 05.09.2018

Британските власти именуваа двајца Руси за кои е подигнато обвинение поради труењето со нервен агенс на  поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Солзбери.

– Издаден е налог за апсење. Осомничени се Александар Петров и Руслан Боширов. Тие се на околу 40 години и патувале со руски пасоши под лажен идентитет, нагласи началникот на полицијата за борба против тероризмот.

Двајцата Руси се соочуваат со обвиненија за криминален заговор со цел убиство на Скрипал и употреба на хемиско оружје.

Според Обвинителството, тие имаат доволно докази за покренување истрага против Петров и Боширов.

Скрипал и неговата ќерка беа отруени во март оваа година. Тој инцидент предизвика дипломатска војна меѓу Британија и Русија бидејќи официјален Лондон ја обвини Моксва за нападот.

Русија негира вмешаност во инциднетот.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top