skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бутарис: Заслужуваат пофалба обидите на двете земји за изнаоѓање решение за името
Обвинителството ги доби наодите од обдукцијата на пејачот Влатко Илиевски
Димитров од Приштина: Ајде да најдеме решение, за работата да не отиде во лош правец
Некои општини би презеле споменици од „Скопје 2014“, проблем е што се незаконски поставени
Сеад Кочан за „Труст“ доби затвор 6 години и забрана за вршење професија 3 години
BMJ Media Group ви најавува: Концерт на Марија Шерифовиќ на 3-ти август во Охрид!
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; NEOTEL

Дачиќ: Апсењето Срби на Косово е непријателски акт и бојкот на дијалогот

Дачиќ: Апсењето Срби на Косово е непријателски акт и бојкот на дијалогот
  • 11.07.2018

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави денеска дека апсењето на петмината Срби на Косово е непријателски акт и дека таквите чекори го рушат дијалогот меѓу Белград и Приштина.

– Ова е бојкот на дијалогот, бидејќи тие не сакаат дијалогот да успее и мислат дека некој на сила ќе ги натера Србите да го признаат Косово, изјави Дачиќ за РТС.

Тој порача дека Приштина треба да престане со провоцирањето на српскиот народ и на Србија.

– Албанците на Косово не се повеќе во можност да му се закануваат на никого, особено не на Србија и на Србите и тие не се повеќе миленичиња на меѓународната заедница. На сите им се преку глава и ова го кажувам врз база на официјалните разговори кои ги имам, кажа Дачиќ.

Според него, основен проблем на меѓународната заедница е непостоењето на желба на Приштина да се оди кон нормализација на односите.

Тој се осврна и на престојниот состанок меѓу претседателите на САД и Русија Доналд Трамп и Владимир Путин, со став дека на овој состанок нема да се разговара за Косово, како и дека е сигурен за посетата на Трамп на Србија во текот на неговиот мандат.

Дачиќ најави дека денес патува во „една земја“, без да наведе која, додавајќи дека „за ова треба да размислува Беџет Пацоли“.

Српските медиуми ја пренесуваат од вчера од Лондон, од самитот за Западен Балкан  информацијата од кабинетот на премиерката Ана Брнабиќ, дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај два пати барал билатерална средба со Брнабиќ, по што дошло до кратка двеминутна средба меѓу нив, во која Харадија сакал да објасни дека не бил запознаен со сите детали и се извинил за апсењето на петмината Срби во Гњилане. Брнабиќ одговрила дека има впечаток како одмакнува дијалогот, да Приштина станува се поагресивна, што нема многу да помогне.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top