skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Гуаидо се самопрогласи за претседател на Венецуела, Мадуро прекина дипломатски односи со САД

Гуаидо се самопрогласи за претседател на Венецуела, Мадуро прекина дипломатски односи со САД
  • 24.01.2019

Претседателот  на венецуелското Национално собрание, Хуан Гуаидо синоќа се прогласи за вршител на должноста претседател на Венецуела.

– Денеска, на 23 јануари, објавувам дека формално ги преземам надлежностите на националната извршна власт како претседател на Венецуела, за да се стави крај на узурпацијата, изјави Гуаидо во обраќање на антивладиниот протест во Каракас.

Гуаидо раководи со Националното собрание, во кое мнозинство има опозицијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Ширум Венецуела со денови со одржуваат протести со барање за оставка на претседателот Мадуро.

По самопрогласувањето на Гуаидо, се огласи американскиот претседател Доналд Трамп, која соопшти дека САД го признаваат спикерот на Парламнетот за в.д. претседател на Венецуела.

– Денеска, официјално го признавам претседателот на венецуелското Национално осбрание, Хуан Гуаидо за вршител на должноста претседател на Венецуела, се вели во вчерашното соопштение на Трамп, во кое се нагласува дека Парламентот е „единствениот легитимен орган на власта“ во земјата.

Трамп при тоа ги повика и другите западни земји да го признаат Гваидо за претседател, со што, според него, ќе се засили притисокот врз Каракас.

По Трамп, се огласи и генералниот секретар на Организацијата на американски држави (ОАС), Луис Алмагро, кој истакна дека и овој панамерикански блок го признава Гуаидо за времен претседател на Венецуела.

Мадуро беше резибран за претседател на избори одржани лани во мај, кои ги бојкотираше опозицијата и чии резултати не беа признати од ОН, ОАС, ЕУ и повеќе западни земји, вклучително и САД и Австралија, со образложение дека при гласањето имало многу нерегуларности и не било во согласност со демократските стандарди.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изрази надеж дека цела Европа ќе се обедини во поддршката за демократските сили во Венецуела.

– За разика од Мадуро, парламенарното собрание вклучувајчќи го и Хуан Гуаидо, има демократски мандат што им го дале граѓаните на Венецуела, напиша Туск на Твитер.

По САД, и други држави од тој континент соопштија дека го признаваат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Мексико и Боливија сепак, соопштија дека и понатаму го признаваат Николас Мадуро за претседател на таа јужноамериканска држава.

Канада, Бразил, Аргентина. Колумбија, Парагвај. Чиле, Перу, Гватемала, објавија дека го признаваат лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Во меѓувреме, претседателот на Венецуела Николас Мадуро  објави дека ги прекинува дипломатските односи со САД и на нивните дипломати им даде рок од 72 часа да ја напуштат државата. Тој нагласи дека САД прават „огромна грешка“ обидувајќи се да наметнат претседател на Венецуела и ги критикуваше другите држави дека го следел примерот на Вашингтон. Мадуро рече дека опозицијата се обидува да изврши државен удар и ја повика армијата да го сочува единството.

Армијата на Венецуела одби да го признае претседателот на Парламентот, Хуан Гуаидо за привремен претседател, соопшти министерот за одбрана Падрино Лопес.

– Војниците не го признаваат претседателот кој ни е наметнат под влијание на странски интереси и самопрокламирано, незаконски. Вооружените сили го бранат Уставот и го гарантираат националниот суверенитет, напиша Лопес на Твитер.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top