skip to Main Content

Грција ја осудува турската операција во Сирија

Грција ја осудува турската операција во Сирија
  • 10.10.2019

Грција целосно се согласува со позицијата на Европската унија, ја осудува новата еднострана воена акција на Турција на територија на суверена држава и ја повикува веднаш да стави крај на воените операции во североисточна Сирија, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР велат дека операциите што го прекршуваат меѓународното право, “ја поткопуваат стабилноста во регионот и ги стават во опасност напорите на ОН за решение”, но и дека префрлањето на населението и насилната промена на демографските факти се директно кршење на меѓународното право

-Потенцираме дека одржливо решение за сирискиот конфликт не може да се постигне со воени средства, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција во врска со воената операција на Турција во Сирија.

Back To Top