skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Голема истрага за даночно затајување во Германија

Голема истрага за даночно затајување во Германија
  • 15.05.2019

Властите во Германија денеска претресуваа куќи и банки низ целата држава во истрагата за даночно затајување, иницирана од Дојче банк. Претресени се 11 финансиски канцеларии во Бон, Келн, Дизелдорф, Франкфурт и други градови, изјавија обвинителите.

Тие не ги именуваа банките, но истакнаа дека меѓу нив има и некои локални штедилници, посочувајќи дека Дојче банк не е единствената институција, објави „Њујорк тајмс“.

Дојче банк, каде што германската полиција упадна во ноември поради можно даночно затајување, соопшти дека нејзините канцеларии денеска не се пребарани.

– Истрагите не беа насочени против Дојче банк, се наведува во соопштението, во кое се додава дека банката соработува со Јавното обвинителство и доброволно ги отстапува сите потребни документи.

Во соопштението се додава дека денешните претреси беа насочени на осум поединци, четири даночни советници и шест компании за управување со имот.

Луѓето се осомничени за криење на капиталните добивки од германските даночни власти, користејќи оф-шор компании со помош на големи германски банки на британските Девствени Острови.

Back To Top