skip to Main Content

Германски родители си го продале синот на педофили на „мрачната мрежа“

Германски родители си го продале синот на педофили на „мрачната мрежа“
  • 07.08.2018

Жена што си го продала синот на педофили на „мрачната мрежа“ на интернет доби затворска казна од 12 и пол години. Судот му определи 12 години затвор и на нејзиниот партнер, очувот на момчето.

Кога почна судењето во јуни, детето имаше 9 години. 48-годишната Берин Таха и 39-годишниот Кристијан Лаис, двајцата по нацијалност Германци, живееле во близина на Фрајбург.

„Мрачната мрежа“ е област на интернетот недостапна за вообичаените пребарувачи.

Во понеделникот, судот казни со 10 години затвор Шпанец кој во повеќе наврати го злоставувал момчето.

Родителите се осудени за силување, тежок сексуален напад на деца, принудна проституција и дистрибуција на детска порнографија.

Судот имаше и видео снимка од злоупотребата на момчето, во којашто тоа е врзано, додека трпи вербални понижувања и пцости.

Мајката, освен 12 години затвор, доби и превентивен притвор.

Момчето во моментов живее со згрижувачко семејство.

Back To Top