skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Вучиќ: Во септември во Берлин или Париз продолжуваат разговорите за Косово

Вучиќ: Во септември во Берлин или Париз продолжуваат разговорите за Косово
  • 16.07.2019

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес дека „во септември треба да има некаков вид продолжување на преговорите, во Берлин, односно во Париз, каде што е планирано да се сретнат лидерите од Белград и Приштина“.

-Потребно е некое време за повторно да се говори за некои работи. Мразам да ја префрлам вината на другата страна и да говорам за таксите и не знам што, ајде да почекаме големите сили да си ја завршат својата работа, па ние, исто така, ќе излеземе со она што е наше, кажа Вучиќ откако заедно со францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со студентите, на крајот од посетата на францускиот претседател на Белград..

На прашањето за поддршката на Макрон кон Србија, Вучиќ изјави дека францускиот претседател ја разбира тежината на проблемот и додаде дека работите не можат да се решат, доколку никој од било што нема да отстапи.

-Побарав поддршка за да разберат дека ова не може да се реши така како што секој од нас би сакал да биде, туку да биде нешто помеѓу, рече Вучиќ.

Тој рече дека компромисот не е слабост туку сила, и додаде дека секогаш ќе се залага за компромис кој не е предаство и отстапување, туку вистински компромис.

-Ако можеме ќе одиме во таа насока, ако не… некои генерации после нас ќе мораат тоа да го сторат, рече Вучиќ, наведувајќи дека не може да се живее во страв од судири.

Одговарајќи на прашањето зошто Србија купува оружје, тој кажа „за да никој не не нападне”.

-Ако видат дека Србија е скапана, гнило јаболко, секој лесно ќе го земе, а ако го видат тоа како орев, тогаш тоа не е лесно да се скрши, рече Вучиќ.

Back To Top