skip to Main Content

Во Холандија спречен голем терористички напад

Во Холандија спречен голем терористички напад
  • 27.09.2018

Холандската полиција спречила „голем терористички напад“ за време на „голем собир“ во државата. Седум луѓе се уапсени под сомненија дека планирале напад со автоматско оружје и со појаси со експлозиви.

Тројца од осомничените биле уапсени претходно, откако се обиделе да се зачленат во екстремистичка организација во странство. Меѓу нив е лидерот на групата, Ирачанин на возраст од 34 години кој лани бил осуден дека патувал во странство за да влезе во редовите на ИД.

Осомничените сакале да купат автоматски пушки, пиштоли, рачни бомби, појаси со експлозиви и материјали за автомобил бомби.

Холандската полиција била известена од разузнавањето дека лидерот на групата планирал напад за време на „голем настан во Холандија на кој би имало многу жртви“. Осомничените планирале да нападнат со појаси со експлозиви и автоматски пушки и да детонираат автомобил бомба на друго место.

Back To Top