skip to Main Content

Во Турција останува во сила вонредната состојба

Во Турција останува во сила вонредната состојба
  • 18.04.2018

Турскиот Парламент денеска донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во државата за уште три месеци, по предлог на Советот за национална безбедност на Турција.

Ова е шесто продолжување на вонредната состојба во Турција, по обидот за пуч во јули 2016 година.

Денешната одлука значи дека предвремените претседателски и парламентарни избори, што турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги најави за 24 јуни, ќе бидат организирани во услови на режим на вонредна состојба.

Главната опозициска сила во Турција, Републиканската народна партија (ЦХП) бараше укинување на вонредната состојба, но тоа барање не беше прифатено.

– Под итно мора да се укине вонредната состојба, не може да се одржат избори додека е во сила вонредна состојба, изјави портпаролот на ЦХП, Булент Тезџан.

Турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек, меѓутоа ги отфрли ваквите оценки, нагласувајќи дека предвремените избори во Турција „ќе ја отстранат несигурноста и ќе овозможат брзи и ефикасни реформи“.

 

Back To Top