skip to Main Content

Во Тексас погубен маж осуден за убиство

Во Тексас погубен маж осуден за убиство
  • 22.08.2019

Сојузната држава Тексас погуби маж осуден за убиство на 19-годишен студент, за кој тврди дека не го сторил.

Лери Сваринген (48) беше егзекутиран со смртоносна инекција за убиството на Мелиса Тротер во 1998 година.

Тој рече дека властите ги игнорирале доказите што би го ослободиле од обвинението. Неговите последни зборови биле „Господе прости им. Не знаат што прават”.

Обвинителите велат дека постојат куп докази кој ја покажуваат неговата вина.

Back To Top