skip to Main Content

Во текот на годинава од Европа се депортирани над 500 Авганистанци

Во текот на годинава од Европа се депортирани над 500 Авганистанци
  • 15.09.2018

Во текот на годинава од европските земји се депортирани 520 Авганистанци, чии барања за азил се одбиени.

– До крајот на годинава бројот може да се искачи до 800, изјави авганистанскиот министер за прашањето на бегалците, Саид Хосеин Алими Балхи.

Тој додаде дека во истиот период речиси 1.500 Авганистанци си заминале доброволно од Европа.

Во средата во Кабул пристигна група од 17 Авганистанци, чии барања за азил се одбиени во Германија.

Противниците на депортацијата на Авганистанци од Германија велат дека Авганистан сѐ уште е премногу опасен за барателите на азил поради честите смртоносни напади на Талибанците и Исламската држава.

Back To Top