skip to Main Content

Во Србија денеска се одржуваат избори за национални совети на националните малцинства

Во Србија денеска се одржуваат избори за национални совети на националните малцинства
  • 04.11.2018

Во Србија денеска ќе се одржат избори за 22 национални совети за национални малцинства, на кои 509.315 гласачи имаат право на глас.

Помошникот на министерот за човечки права и слободи во Министерството за државна управа Ивана Антиќ изјави дека 18 национални малцинства, членовите на Советот, ги избраат на непосредни избори, а четири – хрватското, црногорското, македонското и руското преку изборни собранија.

Тие четири изборни собранија ќе се одржат во Белград од 12 часот. Членовите на Советот имаат овластувања во областа на културата, информирањето и образованието и службената употреба на јазиците и писмата на националните малцинства.

Нивниот број зависи од бројноста на националната заедница, односно минимум 15, а максимум 35.

Унгарците, Бошњаците, Ромите, кои имаат повеќе од 100.000 припадници, избираат 35 претставници.

За првпат ќе се избира и формира Националниот совет на руското национално малцинство, така што Србија ќе има 22 национални совети, наместо 21.

Back To Top