skip to Main Content

Во Русија прекинато прикажување на филмот во кој Американци го спасуваат рускиот претседател

Во Русија прекинато прикажување на филмот во кој Американци го спасуваат рускиот претседател
  • 01.11.2018

Руското Министерство за култура го прекина прикажувањето на холивудскиот филм „Убиец на ловци“ (Hunter Killer) во кој американски војници го спасуваат рускиот претседател за да спречат Трета светска војна.

Министерството за култура истакна дека филмот е повлечен поради административни причини.

– Дистрибутерската компанија во пропишаниот рок не достави во државната кинотека Госфилмофонд копии на филмот со неопходниот квалитет, соопшти Министерството.

Филмот е адаптација на книгата на Џорџ Волс и Дон Кит „Убиец на ловци“.

Минатиот месец филмот беше забранет и во Украина, во согласност со закон кој забранува филмови во кои се фали руската армија.

Back To Top