skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Во Индија ќе се одзема акредитација на новинари кои ќе објават лажна вест

Во Индија ќе се одзема акредитација на новинари кои ќе објават лажна вест
  • 03.04.2018

Индиската Влада објави наредба со која се овозможува одземање акредитации на новинари обвинети за ширење лажни вести.

Министерството за информирање и емитување програма синоќа соопшти дека на секој новинар кој  „креирал и/или пропагирал лажни вести“ ќе му биде одземена акредитацијата до завршување на истрагата.

Во соопштението не се дефинира кој може да го пријави новинарот, но првата казна ќе биде одземање на акредитацијата за следење владини настани на шест месеци.

Доколку се повтори престапот, забраната се продолжува на една година, а ако новинарот трет пат биде обвинет за ширење „лажни вести“, акредитацијата му се одзема засекогаш.

Истрагата ќе ја водат групи кои ќе вклучуваат новинари, сопственици на медиуми а понекогаш и политичари.

Back To Top