skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Во Дубровник регистрирани бранови повисоки од девет метри

Во Дубровник регистрирани бранови повисоки од девет метри
  • 01.11.2018

Рекордна висина на бранови се измерени во акваториумот Ровињ, Сплит, Плоче и Дубровник, а највисоките бранови биле повисоки од девет метри, покажуваат податоците од мерењата на Хрватскиот хидрографски институт (ХХИ).

Највисок бран е измерен во Дубровник, покрај островот Св. Андреа – 9,03 метри.

Во акваториумот Ровињ висината на брановите била осум метри.

– Собраниете и обработени податоци ќе придонесат за зголемување на степенот на безбедност на пловидба во наведените подрачја, а ќе бидат изработени и безбедносни препораки. Со тоа се создаваат претпоставки за безбеден сообраќај на луѓе и стока во хрватскиот дел на Јадранското Море, се наведува во соопштение на ХХИ.

Back To Top