skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Разговорите Белград-Приштина без напредок, Вучиќ бара повлекување на косовските царини

Разговорите Белград-Приштина без напредок, Вучиќ бара повлекување на косовските царини
  • 08.11.2018

Новата рунда преговори помеѓу Белград и Приштина за нормализација на односите на двете земји не донесе напредок. Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека не може да се продолжи додека Косово не ги повлече воведените царини врз увозот на српски производи на Косово и другите „противправни одлуки“.

Иако Европската Унија ги повикуваше двете страни да овозможат интензивирање на преговорите со цел постигнување краен договор во текот на идната година, се чини дека дијалогот повторно е закочен.

Српскиот претседател по крајот на состанокот оцени дека Приштина не си ги исполнува обврските, нагласувајќи ја пред сѐ одлуката да се воведат десет отсто царини врз спрските производи, што претставува прекршување на ЦЕФТА договорот.

-Потполно е јасно дека сакаме да продолжи дијалогот но ќе продолжи кога Косово ќе ги повлече своите противправни одлуки, изјави Вучиќ за РТС додавајќи дека “ниеден од нашите луѓе нема да се појават додека не се повлечат“.

Александар Вучиќ додаде дека Србија е подготвена да разговара штом Косоварите „нешто исполнат, макар ЦЕФТА“.

-Секој ден внесуваат нешто ново, сега гарнизон на север, сега царини, им паднало на памет. Кога ќе им падне на памет ова тогаш ќе разговараме.

Вучиќ повторно ја критикуваше косовската страна и поради неформирањето на на Заедницата на српски општини (ЗСО), а ја обвини и Европа дека се обидува да ја исфрли Србија од енергетска мрежа на Косово.

-Во нацрт енергетскиот договор е јасно дека мора да се формира ЗСО, која би засновала две мешовити компании на северот. Тие би бил преносници до албанскиот оператор од Приштина. Бидејќи не е формирана ЗСО, по вина на Приштина, тие сакаат тоа да ни го одземат, да ни го одземат правото да пренесуваме струка, да изгубиме еден далековод кон Македонија, два кон Албанија, три кон Црна Гора, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија не се согласува со намерата на Приштина за формирање косовска војска на север.

-Реков дека сум многу загрижен и реков дека тоа нема да се случи, па нека размислат малку луѓето во Европа што е договорено со Бриселскиот Договор, што е договорено со НАТО, зошто некому денес е потребно и сака да предизвикува судири, додаде Вучиќ

Од страна на Европската унија издадено е кусо соопштение во кое се повикува на соработка.

-Во нејзините разговори со двајцата претседатели, Федерика Могерини истакна дека е потребно за Косово и Србија да обезбедат атмосфера за Дијалогот и да се воздржуваат од зборови, акти и мерки кои се спротивни на духот на нормализацијата.

ЕУ потсетува дека овој Дијалог е директно поврзан за европските аспирации на двете земји.

Трите страни остануваат во “постојан контакт“, стои во соопштението.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top