skip to Main Content

Владите на 187 земји се согласија да го контролираат движењето на пластичниот отпад

Владите на 187 земји се согласија да го контролираат движењето на пластичниот отпад
  • 11.05.2019

Владите на 187 земји се согласија да го контролираат движењето на пластичниот отпад меѓу границите, во обид да ја запрат светската криза со пластиката.

Лидерите се согласија да ја додадат пластиката на Базелската конвенција, договор со кој се регулира движењето на опасните материјали од една земја во друга, со цел да се справат со опасните ефекти од загадувањето од пластика низ целиот свет.

Пактот беше одобрен на крајот на двонеделниот состанок на конвенциите поддржани од ОН во Женева, Швајцарија.

Back To Top