skip to Main Content

(Видео) Џонсон предвидува хаос и два референдуми доколу во 2020 доколку не се случи Брегзит

(Видео) Џонсон предвидува хаос и два референдуми доколу во 2020 доколку не се случи Брегзит
  • 02.10.2019

2020 година ќе биде година на хаос и два референдум ако лидерот на Лабуристичката партија Џереми Корбин успее да го одложи „Брегзит“.

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон го предупреди ова на годишната конференција на Конзервативната партија денес во Манчестер, пренесува „Гардијан“.

„Ние ја напуштаме ЕУ на 31 октомври. Ние ќе го направиме „Брегзит“ – можеме, треба и ќе го сториме тоа, објави Џонсон.

„Корбин сака да ја претвори целата 2020 година, што треба да биде одлична година за земјата, во хаос и какофонија на уште два референдума – втор референдум за независност на Шкотска, иако Шкотите ветија дека гласањето во 2014 година ќе биде единствено на нивната генерација и втор референдум за ЕУ, иако ветивме дека гласањето во 2016 година ќе биде единствено гласање на таа генерација“, предупреди тој.

„Можете ли да замислите уште три години од тоа? Ова е агенда на Корбин – останување во ЕУ по 31 октомври, плаќајќи 1 милијарда фунти месечно за привилегија по неколку години неизвесност за бизнисот и сите“, продолжи британскиот лидер.

„Да го одржиме „Брегзит“ на 31 октомври, за во 2020 година нашата земја да продолжи напред, објави Џонсон.

Тој увери дека конзервативците не се антиевропска партија и не се против ЕУ.

Џонсон рече дека нема да има проверки „на или во близина на границата“ според неговиот план за „Брегзит“, кој ќе му го претстави на Брисел. Според него, предлозите се компромис за обете страни.

„Под никакви околности нема да има проверки на или во близина на границата со Северна Ирска“, рече премиерот, додавајќи дека тие ќе го заштитат мировниот процес и Договорот во Белфаст.

Според него, Британците почнуваат да се сомневаат дека има сили во оваа земја кои едноставно не сакаат Велика Британија да ја напушти ЕУ. Ако се испостави дека е точно, ќе има големи последици за довербата во демократијата, предупреди Џонсон.

Да не се залажуваме, алтернативата е „нема договор“, убеден е поранешниот градоначалник на Лондон.

Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври, какво и да е, потврди британскиот премиер.

извор:локално.мк

Back To Top