skip to Main Content

(Видео) Во експлозијата во Париз повредени се 36 луѓе, 12 во критична состојба

(Видео) Во експлозијата во Париз повредени се 36 луѓе, 12 во критична состојба
  • 12.01.2019

Во големата експлозија во Париз загинаа четири лица, а 36 се повредени, од кои 12 се во критична состојба, изјави портпарол на пожарникарската служба. Двајца од нив се  пожарникари кои биле во интервенција по пријавата за неисправна инсталација со природен гас.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастане изјави дека „ситуацијата сега е под контрола“. Полицијата ги советуваше граѓаните на Париз да го избегнуваат тој дел од градот. Голема материјална штета е предизвикана на околните објекти и на местото на инцидентот се многу возила на пожарникарите и на итната медицинска помош.

Експлозијата се случи во 9. париски арондисман во пекара, а според првични проценки е предизвикана од истекување гас. Оштетени се и објекти на стотина метри од местото на експлозијата. Во спасувачките операции учествувале речиси 200 пожарникари.

Експлозијата се случува во туристички реон на Париз додека во главниот град има распоредено голем број од силите за безебедност заради новите протести на Жолтите елеци.

Кастанер: Билансот од експлозијата во Париз е тежок, станува збор за несреќен случај

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер, кој веднаш го посети местото на експлозијата во Париз, изјави дека „билансот од експлозијата е тежок“.

Во моментов има најмалку 20 повредени, во експлозијата се повредени и тројца пожарникари кои интервенирале при запирање на истекување на природен гас, кој според министерот Кастанер е најверојатно и причината за експлозијата.

Двајца од повредените се во животна опасност, седум лица се потешко и единаесет полесно повредени.

Министерот исто така појасни дека првите индикации зборуваат очигледно дека станува збор за несреќен случај, и додаде дека  не постојат нови опасности од нови експлозии.

Експлозијата се случи во 9-от арондисман на Париз на улицата Тревис, нешто пред 9 часот изутринава.

Околу 10 часот, премиерот, градоначалникот на Париз Ана Хидалго и парискиот обвинител Реми Хeиц беа на самото место, додека хеликоптер леташе над местото на експлозијата, кои некои ја опишуваат како земјотрес. Според министерот за внатрешни работи, околу 200 пожарникари и 100 полицајци биле мобилизирани:

Градот Париз отвори посебно прифаќалиште за околните жители на зградите во градското собрание на 9-от арондисман.

Back To Top