skip to Main Content

(Видео) Жртви и голема материјална штета – вонредна состојба на Халкидики

(Видео) Жртви и голема материјална штета – вонредна состојба на Халкидики
  • 11.07.2019

Невреме какво што досега немаат видено, вака ja опишуваат локалните жители природната непогода што го зафати Халкидики. На улиците апокалиптична слика, урнати куќи, искорнати дрва, превртени камиони. Најмладата жртва е двегодишно дете од Русија. Животот го загубило заедно со неговиот татко откако врз нив паднало дрво. Мајка од Романија загинала заедно со нејзиното 8 годишно дете кога силниот ветер урнал покрив врз нивните глави во ресторан, додека постар пар од Чешка го загубил животот откако нивната приколка била турната од невремето.

Меѓу загинатите е и рибар чие безживотно тело било најдено во Неа Каликратија. Покрај несреќните случаи, грчките медиуми пишуваат за уште 100 повредени, од кои 20-тина хоспитализирани со потешки повреди.  Според податоците, најголем дел од повредените се туристи.

Оние кои имале повеќе среќа раскажуваат за она што го доживеале. Велат дека силниот ветер носел цели автомобили со себе, но дека сѐ траело само 20-тина минути, оставајќи зад себе пустош.

-Се слушаше страшна бука. Таков звук не испуштаат ни топови. Излегов да си ги побарам децата  и дождот го чувствував како камења да ми паѓаат на грбот, вели очевидец.

Во меѓувреме властите прогласија вонредна состојба на Халкидики, а екипи работат неуморно на терен на санирање на штетите. Иако траеше кусо, невремето остави зад себе голема материјална штета и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Метеролозите објаснуваат дека ова се многу необичи временски услови во време од годината кога температурите во Грција достигнуваат и до 37 степени целзиусови.

Тиана Станковиќ

Back To Top