(Видео) Атентат врз обвинител од Албанија поврзуван со подземјето – болницата во Тирана под полициска опсада

Обвинителот Арјан Ндоја од Драч е повреден во обидот за атентат во крајбрежниот град. Инцидентот се случил вечерва на автопатот Драч – Тирана.
Ндоја во возилото бил заедно со Александар Лахо и Енди Малоку, кои исто така се повредени и со возило на Итна медицинска помош префрлени во болница.
Малоку поминал со лесни телесни повреди и трауми. Целата болница во Тирана е под силно полициско обезбедување.
Според тамошните информации, атентатот бил добро организиран , бидејќи е реализиран далеку од деловни субјекти и на место каде немало безбедносни камери.
Медиумите додаваат дека најверојатно цел на нападот бил Ндоја, кој во неколку наврати постојано се поврзуваше со организираниот криминал, за што зборуваше и албанскиот премиер Еди Рама.
Полицијата работи на случајот и фаќање на атентаторот односно атентаторите.
фото: infoelbasani.al
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.