skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Докос за 1ТВ: Потребна е добра волја за спроведување на Договорот од Преспа
Нацрт законот за ратификација на Договорот од Преспа доставен во грчкиот Парламент
ОЈО го гони за убиство телохранителот на Мијалков
Анѓушев: Економијата ќе биде главен фокус на Владата за годинава
„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ со позитивен изглед за Македонија
Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Вечерва дијалог Белград-Приштина во Брисел

Вечерва дијалог Белград-Приштина во Брисел
  • 08.11.2018

Во Брисел вечерва продолжува дијалогот Белград-Приштина, на највисоко ниво и со посредништво на шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини.

Во најава се тешки разговори, со очекување претседателите Александар Вучиќ и Хашим Тачи да потврдат дека се подготвени интензивно да работат на правно обврзувачки договор за нормализација.

Вучиќ, коментирајќи ја изјавата на Тачи дека попрво би преговарал со ѓаволот, рече дека се однесува одговорно и сериозно за да ги сочува мирот и стабилноста, а не да подлегнува на лични оценки.

Могерини ќе оствари средба со Тачи, а потоа со Вучиќ, по што треба да се одржи заедничка работна вечера. ЕУ очекува двете страни да покажат подготвеност за „интензивирање на работата за постигнување правно обврзувачки договор“.

Една од најтешките и најконтроверзните теми во рамки на овој дијалог е можноста за размена на територии иако никој официјално не ја споменува како дел од преговорите.

Претходно, косовскиот премиер Харадинај го посоветува Тачи да размисли дали треба да ги продолжи преговорите со Србија и се закани со уште поголеми царини за српскиот увоз.

ЕУ побара итно разјаснување за царините и смета дека Косово ги нарушува преземените обврски во рамките на евроинтегративниот процес.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top