skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Папата Павле Шести и надбискупот Ромеро прогласени за светци

Папата Павле Шести и надбискупот Ромеро прогласени за светци
  • 14.10.2018

Папата Франциско денеска ги прогласи за светци двете „најважни и најоспорувани личности“ на Католичката црква во 20 век – папата Павле Шести и салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро.

Церемонијата на канонизација се одржа на плоштадот Свети Петар во присуство на десетици илјади верници.

Павле Шести е познат по тоа што, откако стана папа во 60-тите години на минатиот век, го воведе служењето литургија на национален, наместо на латински јазик, а со тоа ги зајакна односите со луѓето од други вери и ја воведе практиката папите да патуваат по светот.

Во 1968 година го потврди противењето на Ватикан за контрацепција со што ги зајакна конзервативните, а ги оддалечи напредните сили во Римокатоличката црква.

Надбискупот Оскар Ромеро е познат по тоа што остана покрај народот во Салвадор и ги осудуваше сиромаштијата, неправдата, убиствата и малтретирањата. Во 1980 година е убиен за време на миса во болничка капела.

Back To Top