skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Бугарија забранува подготовка на пржена храна, колачи и слатки во детските градинки

Бугарија забранува подготовка на пржена храна, колачи и слатки во детските градинки
  • 12.06.2019

Бугарија забранува подготовка на пржена храна, колачи и слатки во детските градинки, детски кампови и детски установи. Забраната е предвидена со измена на Уредбата за здрава исхрана на деца на возраст од 3 до 7 години.

Предвидено е децата да внесуваат најмалку три вида свежо овошје и зеленчук неделно, традиционален бугарски ајран без додавање сол и екстра џем. Тие нема да можат да јадат морска храна, како што се школки, ракови и лигњи, само месо од риба ќе биде дозволено.

Исто така, нема да се подготвува мелено месо, ќофте и ражниќи.

Досега, правилата за здрава исхрана во установи за грижа за деца овозможуваа пржена храна, колачи, вафли и слатки да се служат двапати неделно. Со новата група на храна внесувањето на маснотии е ограничено на 25 до 35 проценти од енергетската вредност на храната.
Правилникот препорачува храна во количини што се совпаѓаат со возраста на децата, поделени во две групи – од 3 до 4 години и од 5 до 7 години.

Back To Top