skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Британија испраќа нов брод во Персискиот Залив

Британија испраќа нов брод во Персискиот Залив
  • 17.07.2019

Поради тензиите со Иран, Велика Британија до крајот на годинава ќе испрати брод на Кралската морнарица ХМС Кент во Персискиот Залив за да ги заштити своите интереси и обезбеди слободна пловидба, соопшти денеска Министерството за  одбрана.

Министерството претходно наведе дека мисијата е рутинска, и оти распоредувањето на фрегатата било планирано одамна, но денеска објасни дека податоците биле помешани со оние кои се однесуваат на брод за поддршка Вејв најт.

– Жал ни е што информацијата во врска со одамна планираното распоредување на бродот Вејв најт е помешана со испраќањето на бродот ХМС Кент во Персискиот Залив. Остануваме фокусирани на намалување на тензиите во регионот и соодветно ќе реагираме за да ги зачуваме британските интереси и да обезбедиме слободна пловидба, стои во соопштението.

Техеран претходно најави дека ќе одговори на чекорот на Британија, која заплени ирански танкер во Гибралтар.

Back To Top