skip to Main Content

Брегзит, состојба на човековите права во Косово, поврзаноста на Трамп со „Боинг“ – Анализа во Студио 1

Брегзит, состојба на човековите права во Косово, поврзаноста на Трамп со „Боинг“ – Анализа во Студио 1
  • 14.03.2019

Во анализата од регионот и светот со Дејан Андоновиќ денес во фокусот на дискусија беа одложувањето на Брегзит, извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права во 2018 година во Косово, како и поврзаноста на Трамп со „Боинг“.

Британската Влада денеска ќе поднесе во Парламентот предлог за одлагање на Брегзит до 30 јуни ако пратениците до 20 март го одобрат договорот за напуштање на Европската унија. Претседателот на Советот на Европска Унија, Доналд Туск денеска изјави дека можно е да се одобри „долго“ одложување на Брегзит, во последен обид да ја убедат британската премиерка Тереза Мај да ги смени нејзините црвени линии во преговорите.

Според извештајот на Стејт департментот за состојбата на човековите права во Косово за 2018 година, земјата има висока стапка на корупција, напади врз новинари, протерување на странски државјани без редовен судски процес и насилство над малцинството.

Црните кутии од авионот на „Етиопиан Ерлајнс“ кој се урна кусо време по полетувањето од Адис Абеба, се испратени во Париз, соопшти авиокомпанијата. По неколкудневни притисоци, инцидентот предизвика Боинг да ја приземји целата светска флота од авиони 737 Макс. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп застана цврсто зад компанијата „Боинг“ и нејзиниот проблематичен авион „737 Макс“, а поврзаноста на Трамп со авијацијата се зголеми во текот на претседателскиот мандат, вклучувајќи голем број познантства, меѓу кои и врската со директорот на „Боинг“ Денис Миленбург.

Целата анализа погледнете ја во видеото:

Back To Top