skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Бран пораки на билборди во Чешка со порака: „Срам ми е од премиерот“

Бран пораки на билборди во Чешка со порака: „Срам ми е од премиерот“
  • 12.01.2019

По улици на Чешка се појавија стотици боилборди со портрети на луѓе нивни имиња и порака – „Срам ми е од премиерот“. Тоа е иницијатива на локален рекламен агент со цел критики за премиерот Андреј Бабиш кој е вмешан во спорни афери.

Бабиш е вториот најбогат човек во таа држава и е обвинуван за присвојување европски фондови во периодот  2007-2008 година. Критичарите сметаа дека постои конфликт на интереси и му забележуваат дека бил соработник на комунистичките тајни служби пред 1989 година.

– Срам ни е од премиерот и тоа е толку голем срам што бара реакција, изјави Јарослав Полачек сопстевник на рекламната агенција.

Секој што го критикува Бабиш може да биде фотографиран и неговата фотографија да се појави на голем билборд за надомест од 175 евра. Полачек долго време беше шеф на предизборни кампањи на десничарите од ТОП 09 кои се големи критичари на Бабиш.

Back To Top